Thursday, January 28, 2016

Непристоен предлог: Милан и Манчестер Ј. да имаат гарантирано место во ЛШ?

Асоцијацијата на европски клубови, смета дека некои клубови, од рангот на Милан и Манчестер Јунајтед, кои се почесто се наоѓаат во проблеми за да обезбедат пласман во најелитното фудбалско натпреварување во Европа, треба да имаат загарантиран пласман во ЛШ, или барем да се изборат за тоа. УЕФА тврди дека нема уште такви официјални барања, но дека сигурно нема да има промени во форматот на натпреварување во ЛШ до сезоната 2018/19. Причината поради која е спроведена оваа иницијавите, е тоа што големите клубови губат огромни суми на пари, од телевизиски преноси и маркетиншки кампањи, па наводно се подготвува револуција, односно менување на историјата во ЛШ, секоја сезона да има место за една или две екипи, од висок ранг, односно екипи кои веќе освоиле титула во ова натпреварување, а неможат да се квалификуваат во ЛШ поради големата конкуренција од останатите екипи. Од една страна доколку ова се имплементира, на добивка ќе бидат сигурно големите екипи, додека на вакво сценарио, највеќе ќе жалат малите екипи, кои со нетрпение чекаат да стигнат до групната фаза во ЛШ, за да извадат некој милион повеќе со кој ќе може да ги сервисираат побарувањата на играчите.

No comments:

Post a Comment